Почетна МакедонијаЗа инает на сите што не можат да го трпат: Груевски од сега активен и на Телеграм

За инает на сите што не можат да го трпат: Груевски од сега активен и на Телеграм

од nenad
1 минути читај за

Екс премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од денес можете да го следите и на апликацијата Телеграм.

Од сега можете да ме следите и на мојот канал на Телеграм, пишува Груевски.

Претходно Груевски, во својата новогодишна честитка им порача дека во 2023 ќе им биде уште полошо на тие „што не можеле да го трпат лани“.

-Среќна нова 2023 година!
Ви посакувам здравјето да Ве служи, љубовта да ве води, мир и спокојството да ве опкружат и среќата да ве следи во секој миг и на секое место!

Агонијата и безперспективноста во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф!

Бог нека е со Вас и со Македонија!

П.С. На сите луѓе кои неможеа да ме смислат и да ме издржат минатата, само да им кажам, дека оваа ќе им биде дури полоша, објави Груевски на Фејсбук.

Инспирирано од: infomax.mk