Table of Contents
Ведрана Рудан објави од кој рак боледува, а многумина ги игнорираат неговите симптоми
Ведрана Рудан, чии текстови секогаш ги освојуваат читателите со својата искреност и хумор, ѝ се обрати на јавноста преку својата официјална фејсбук-страница и ја информира за развојот на нејзината здравствена состојба.
„Поздрав до сите! Ви кажав дека имам рак, па сигурно ве интересира како се развива мојата приказна понатаму. Знам, бидејќи постојано сте во моите мисли, драги мои.
Мојот рак е ужасно редок, се вика рак на жолчните каналчиња, ми се чини. Не го прочитав ни отпусното писмо ни интернет-прогнозите.
Само пет отсто од пациентите имаат среќа да се оперираат. Меѓу нив сум. Најпрво отидов во Радиохирургија за да ми го спалат ракот пред операцијата“, пишувало во објавата на Ведрана.
За каков тип рак станува збор?
Ракот на жолчните канали честопати не се открива додека се прошири на другите органи и тогаш станува предизвик за лекување.
Ракот на жолчните канали и холангиокарциномот е вид на рак кој се формира во жолчните канали – разгранети тенки цевки кои ја пренесуваат жолчката со чија помош се варат мастите од храната. Жолчните канали го поврзуваат црниот дроб со жолчното ќесе и тенкото црево.
Холангиокарциномот се појавува најчесто кај луѓе постари од 50 години, иако може да се развие на која било возраст. Ракот на жолчните канали честопати се дијагностицира кога веќе ќе напредне, што го отежнува успешното лекување.
Поврзани објави
Кои се симптомите на рак на жолчните канали?
Постојат некои типични знаци на самото тело, но и внатре во организмот кои укажуваат на холангиокарцином:
- Жолта кожа и очи
- Интензивен јадеж на кожата
- Столица со бела боја
- Замор
- Болка во стомакот на десната страна, веднаш под ребрата
- Губење тежина без обид да се симнат килограми
- Грозница
- Ноќно потење
- Темна урина
Кои фактори го зголемуваат ризикот од развој на холангиокарцином?
Фактори што можат да го зголемат ризикот од појава на рак на жолчните канали се:
- Примарен склеротичен холангитис – Оваа болест предизвикува стврднувања и лузни, оштетувања на жолчните канали.
- Хронична болест на црниот дроб – Лузните на црниот дроб предизвикани од хронична болест го зголемуваат ризикот од холангиокарцином
- Проблеми со жолчните канали присутни од раѓање – Луѓето родени со холедохална циста, која предизвикува проширени и неправилни жолчни канали, се изложени на зголемен ризик од холангиокарцином.
- Паразит на црниот дроб – Во областите на југоисточна Азија, холангиокарциномот се поврзува со инфекција на црниот дроб, која може да се појави поради консумирање сирова или недоволно зготвена риба.
- Повозрасна животна доба – Ракот на жолчните канали најчесто се појавува кај лица постари од 50 години.
- Пушење – Пушењето е поврзано со зголемен ризик од холангиокарцином.
- Дијабетес – Луѓето кои имаат дијабетес тип 1 или 2 може да се изложени на зголемен ризик од овој вид на карцином.
- Одредени наследни состојби – Некои промени на ДНК, кои се пренесуваат од родителите на децата, предизвикуваат состојби кои го зголемуваат ризикот од холангиокарцином. Примери за вакви состојби се цистичната фиброза и Линчов синдром.
Планот за лекување холангиокарцином зависи од локацијата на ракот и од тоа дали се проширил. Хирургија може да го излечи раниот карцином на жолчните канали, кој не се проширил, но најчесто, повеќето карциноми на жолчните канали веќе ќе се имаат проширено до моментот кога ќе бидат дијагностицирани. Во тие случаи, лекарот може да препорача комбинација од повеќе третмани: операции, хемотерапии, радиотерапии…