Почетна ЕкономијаСите 5.600 основци во Кисела Вода ќе добијат нови бесплатни униформи

Сите 5.600 основци во Кисела Вода ќе добијат нови бесплатни униформи

од nenad
1 минути читај за

– Првиот училишен ден за првачињата, но и за сите ученици од основните училишта воопшто, значи голема возбуда за нив и за нивните родители. Водени од тоа дека сѐ поскапиот живот во Македонија носи големи грижи и финансиски товар за семејството, посебно кога има еден или повеќе ученици на кои треба да им се обезбеди чанта, прибор и сѐ она што е неопходно за наставниот процес, го продолжуваме проектот ,,Ранче за секое прваче”. Сите над 600 првачиња од основните училишта на територијата на општина Кисела Вода ќе добијат бесплатно ранче, тетратки и прибор на првиот училишен ден. Драго ми е што овој проект кој изворно започна од Кисела Вода, силно оддекна низ целата држава и го препознаа и другите колеги градоначалници со што и тие се одлучија првиот училишен ден да биде запометен по убави спомени и радост. Бесплатни униформи ќе добијат и сите над 5600 ученици од основните училишта од Кисела Вода.