Почетна ТехнологијаНад 400 основци од Гази Баба заминаа на бесплатен летен камп организиран од општината

Над 400 основци од Гази Баба заминаа на бесплатен летен камп организиран од општината

од nenad
1 минути читај за




– Утрово имав можност да ги испратам и да им посакам среќен пат и убав престој во училишниот летен камп на повеќе од 400 ученици од општинските основни училишта, кој се реализира со финансиска поддршка од општина Гази Баба преку субвенционирање на цената за учество на секој ученик. Во рамките на кампот учениците ќе бидат дел од спортски, едукативен и забавен дел, а најважно од се е тоа што тие ќе можат меѓусебе да другаруваат. Учениците во училишниот камп ќе бидат обучувани за основна пливачка техника. Овој проект, општина Гази Баба го реализира во соработка со општинскиот сојуз за училишен спорт Гази Баба, порача утрово Стефковски.

Првиот човек на општината рече дека е среќен што преку реализација на оваа мерка успеаале да ги направиме учениците среќни, а како една од целите која ќе се постигне со поддршката на училишниот летен камп е и поголема социјализација помеѓу децата.

   

– Ова е еден од проектите кој започна да се реализира со моето доаѓање за градоначалник на општина Гази Баба. Продолжуваме со реализација на мерки и проекти за најмладите жители на нашата Гази Баба, вели Стефковски.