Почетна Убавина и здравјеБарањата на Џеј Ло кон вработените се толку бизарни што се граничат со лудило

Барањата на Џеј Ло кон вработените се толку бизарни што се граничат со лудило

од nenad
2 минути читај за

Шокантната вистина за однесувањето на латино-дивата излегоа на површина и ги изненадија сите.

Во екот на гласините за разводот со актерот Бен Афлек, за актерката и пејачка Џенифер Лопез на социјалните мрежи кружат приказни кои не ја прикажуваат во најдобро светло. Среде брачните проблеми, се зборува дека има бизарни барања од нејзиниот персонал.

Според изворите, Џенифер Лопез има правило дека никој од вработените или не смее да ја гледа во очи.

Една наша пријателка работеше на осветлувањето на нејзиниот концерт. На сите работници им биле дадени строги упатства: Не гледајте во г-ѓа Лопез. Без контакт со очите”, напиша еден извор на социјалните мрежи, додека друг додаде:

„Познавам луѓе кои работеа во казиното и им беше наложено целосно да избегнуваат контакт со очите со дивата. Тие и денес се смеат на тоа бидејќи им доаѓаат многу попознати личности кои се многу поубави и попријатни од неа.“

Џеј Ло наводно ги поставила истите правила и за нејзините возачи на лимузини.

Не смеам да ја погледнам ни во ретровизорите“, тврдат изворите.

Поврзани објави

Еден американски водител на подкаст, исто така, ја сподели својата приказна за Џенифер Лопез и нејзиното бизарно однесување.

Имам пријател кој работеше на звукот на проектот на Џеј Ло и таа го избрка. Ја прекина целата продукција само затоа што ја погледнал во очи”, рече тој.

Инаку, познатата водителка Меган Мекејн ја нарече Лопез „многу непријатна личност“.

Меган направи интервју со пејачката во 2019 година, а како што неодамна изјави во нејзиниот подкаст „Граѓанинот Мекејн“, воопшто не ѝ се допаднала.

Таа на актерката и пејачка ѝ порача дека мора да се спушти на земја.

Всушност, се чувствувам лошо бидејќи Џеј Ло е малтретирана во моментов и не сакам да додавам масло во огнот. Но таа е само многу непријатна личност. Ја има најголемата придружба што некогаш сум ја видела. Поголема од Ким Кардашијан и од претседателот… Навистина не разбирам зошто е потребно тоа“, рече таа.