Почетна Убавина и здравјеТаа има 21, а тој 23 години и сега посвоиле девојче! – Убавина и здравје

Таа има 21, а тој 23 години и сега посвоиле девојче! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Младата холивудска двојка го посвоила првото дете, а нивната љубовна приказна остава без здив

Холивудската ѕвезда Мили Боби Браун (21) и актерот Џејк Бон Џови (23) станаа родители – двојката го добила своето прво дете со посвојување.

„Ова лето го добивме нашето девојче по пат на посвојување“, напишале на заедничката објава на Инстаграм во четвртокот.

„Пресреќни сме што го започнуваме ова прекрасно ново поглавје на родителство, во мир и приватност.“

Мили, позната по улогата во серијата Stranger Things, и Бон Џови првпат биле предмет на шпекулации за романса во 2021 година, кога синот на Џон Бон Џови споделил селфи од нив двајца на социјалните мрежи.

Првпат се појавиле заедно на црвениот килим во март 2022 година.

Подоцна, Мили открила дека, всушност, се запознале преку социјалните мрежи.

„Се запознавме на Инстаграм. Прво бевме пријатели, а потоа… што да кажам?“


Поврзани објави

Откако во април 2023 година ја објавиле свршувачката, Мили и Џејк се венчале во мај 2024 година. Мили тогаш имала 20 години, а Џејк 22.

„Бевме заедно четири години. Кога се вселивме заедно, имавме кучиња и чувавме животни, живеевме нормален живот и си помислив: ‘Не можам да те видам со никој друг. Не сакам никој друг, не сакам да излегувам со други луѓе, те сакам само тебе’“, рекла Мили во емисијата Call Her Daddy.

„Кога почнавме да разговараме за политика и за тоа како сакаме да ги воспитуваме децата, начнавме сериозни теми на коишто претходно не сум зборувала, особено не со момци. А веќе кога можев да размислувам за тие работи, си помислив: ‘Можеби сакам да бидам со него засекогаш’. Не ми беше јасно како се чувствува тој. Разговаравме за брак, но не знаев кога ќе се случи тоа. Кога ме запроси, сè имаше смисла. Сè си се намести на свое место.“

Мили и претходно има зборувано за желбата што порано да основа семејство:

„Мајка ми го добила првото дете на 21, а татко ми на 19 години. Отсекогаш сум сакала да бидам мајка, иста каква што беше мајка ми“, рекла таа во подкастот Smartless.

„Џејк знае колку ми е важно тоа. Секако, сакам да се фокусирам на кариерата како актерка и продуцентка, но за мене навистина е важно да основам семејство.“

Иако Мили била подготвена да основа семејство пред брак, Џејк имал свој услов:

„Џејк ми кажа: не можеме тоа додека не се венчаме. Тоа беше неговиот услов. Мојот беше – сакам семејство. Сакам големо семејство. Јас сум едно дете од четири, тој е еден од четири. Па така, семејството дефинитивно е дел од нашата иднина.“

ФОТО: Принтскрин Инстаграм