Тони на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии, врз основа на кои можеме да видиме дека бизнисменот ужива во Италија.
Пејачката Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бијелиќ решија да се разведат по повеќе од две децении брак.
По веста за разводот, Драгана даде неколку изјави во медиумите во кои истакна дека и било тешко да раскине и да стави точка на бракот, но дека сега е многу подобро и дека многу и значи дека нејзините деца се со неа и ја поддржуваат.
Од друга страна, Тони Бијелиќ не се експонира во медиумите, а не е толку активен ниту на својот Инстаграм профил, па само повремено објавува нешто.
Поврзани објави
Така сега сподели неколку фотографии и покажа дека заминал на одмор во Италија.
Прво објави фотографија од автопат, а потоа како ужива во Италија. Набргу потоа следеше уште една фотографија на која можеме да го видиме Бијелиќ како со едната рака го гушка другарот, а со другата змија.
Фото: Инстаграм