Почетна Убавина и здравјеСвадбена бајка без стрес – Најважниот ден од животот доверен на професионалци

Свадбена бајка без стрес – Најважниот ден од животот доверен на професионалци

од nenad
4 минути читај за

Скопје Мериот Хотел е вистинскиот избор за свадбена свеченост за сите оние кои посакуваат исклучително елегантен стил, совршена доза гламур и целосно препуштање на организацијата во рацете на вистински професионалци

На денот кога љубовта се венчава и добива свој вечен белег, ништо не смее да ѝ се препушти на случајностa. Свадбената церемонија е величествена симфонија на чувства, искуства и спомени, кои траат цел живот. Овој ден е многу повеќе од обична забава, затоа што свадбата го означува почетокот на еден нов животен пат и е првата страница од новата приказна. Токму затоа секој детаљ треба да биде внимателно избран и изработен, за да се создаде незаборавно, бајковито искуство.

Подготовката за свадба е емотивен и убав процес, но исто така и прилично комплексен. Брачните парови треба да посветат голем дел од нивното слободно време при изборот на совршената локација, декорација или мени, но и на многу други ситници, кои можеби во моментот изгледаат незначајни, но имаат клучна улога во создавањето на целокупниот амбиент. Сепак, кога организацијата на најважниот живот на младите се доверува на искусен и професионален тим за целосна организација, стресот скоро и да не постои.

Од изборот на цветни аранжмани и изгледот на столиците, до изборот на музиката и распоредот на гостите – сите овие елементи потребно еда се усогласат со личните желби на парот, нивниот животен стил, како и со просторот одбран за свеченоста. Важно е и да се најде баланс помеѓу личниот стил и практичноста, така што сите аспекти на свадбената прослава ќе се одвиваат беспрекорно, оставајќи им на младенците простор да се опуштат и максимално да уживаат во нивниот посебен ден.

Најголем дел од младенците посакуваат елегантна сала, како место кое зрачи со софистицираност. Избраното место може да ја трансформира целата идеја и замисла, па затоа прв чекор во агендата за организирање свадба е изборот на локацијата.

Скопје Мериот Хотел е вистинскиот избор за свадбена свеченост за сите оние кои посакуваат исклучително елегантен стил, совршена доза гламур и целосно препуштање на организацијата во рацете на вистински професионалци. Покрај многуте специјални услуги за организацијата на свадбата за секој пар, можноста за мени тестинг е една од најважните точки кои се достапни во процесот на селектирање на совршеното мени.


Поврзани објави

Тимот на Скопје Мериот Хотел, предводен од искусната координаторка за свадби, Јованка Ивановска, му се посветува на секој аспект од подготовките, со една главна цел – младенците да се чувствуваат посебно и целосно да се опуштат, знаејќи дека целата организација ќе се одвива во одличен ред. Фокусот особено е ставен на понежниот пол, односно невестата, затоа што секоја жена посакува идеална свадба, а благодарение на искуството од Јованка Ивановска, добиваат многу повеќе од тоа, без ниту една стресна ситуација за нив.

„Секој пар е единствен, секоја свадба е посебна. Нашата мисија е да создадеме настан, кој ги одразува нивните соништа, притоа целејќи целосно да ги разгалиме младенците, поготово невестите. Сакаме да уживаат во атмосфера на целосна опуштеност и задоволство. Нашиот хотел е место каде што се среќаваат традицијата и модерните трендови, нудејќи врвно искуство и за младенците и за нивните гости. Од првиот контакт со нашиот тим, до моментот кога ќе излезете од нашиот хотел како брачен пар, секој миг е внимателно испланиран“, низ насмевка раскажува Ивановска.

Скопје Мериот Хотел на секој брачен пар им овозможува совршено сместување за една ноќ, со дегустација на одбраното мени за двајца. Просторот за прославата ќе биде дополнително разубавен со декорација на столици, украсни свеќи, сцена за бендот и подиум за танцување, со цел да создадат незаборавни моменти и неповторливо искуство, како за младенците, така и за гостите на нивната прослава. А со добиените Мериот Bonvoy поени, младенците може да резервираат бесплатно ноќевање за свадбено патување во некој од Мериот хотелите низ светот.

Бидејќи на посебната ноќ се слави љубовта, неизбежно е да се наздрави со одлично пенливо вино, како и ваучер за вечера во Дистрикт Бар & Ресторан или ноќевање во Скопје Мериот Хотел како подарок за годишнината, за одново навраќање на спомените на најубавиот ден од животот.

Скопје Мериот Хотел е вистинскиот избор за оживување на сонот за најпосебниот ден на секој иден брачен пар кој сонува за урбана и модерна свадба во главниот град за која и семејството и пријателите ќе зборуваат со години – уникатен свадбен buzz кој не трае само еден ден. Незаборавно свадбено искуство посакуваат и гостите и младенците, а зошто истото тоа да не биде и реалност?