Пејовиќ не можеше да го сокрие задоволството по концертот…
Ацо Пејовиќ одржа спектакуларен концерт во Ниш на кој присуствуваа повеќе од 15.000 луѓе!
Беше јасно дека концертот ќе остане запаметен, бидејќи реки од народ течеа кон тврдината во Ниш, каде Пејовиќ беше пречекан со овации.
Повеќе од три часа, колку што траеше концертот, ечеа хитови, но и песни од новиот албум.
Ве бакнувам во срцето. Господ ви ја дал таа душа“, со овие зборови пејачот и се обрати на публиката додека беше на сцената, но и кога се симна не го криеше ентузијазмот:
Јас сум без зборови! Оваа атмосфера, емоција и како пееја со мене цел живот ќе паметам! Ти благодарам Ниш, ме воодушеви!“, тој рече.
Гостите Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиќ дополнително ја разбрануваа и онака вжештената атмосфера, па фолк дивата беше поздравена со овации.
Поврзани објави
На концертот гостин беше и Дејан Вран, млад музичар од Суботица, со кој Пејовиќ покажа колку ги поддржува и сака младите и талентирани уметници.
Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: