Лидерска средба за уставните измени премиерот засега не планира да свика, но сепак не исклучува можност по вторпат да ги покани парламентарните партии за истата тема.
Ковачевски вели дека постојат разговори на политичко ниво за вметнување на Бугарите во Уставот, но повтори дека е потребен поширок политички и општествен консензус. За него воопшто не е краток периодот до завршување на скринингот, рок до кога е планирано и спроведување на уставните измени.
-Сметам дека за 10 месеци може да се направат многу работи. Секој треба да биде одговорен кон државата и граѓаните. Не сум човек којшто дошол на позиција за некого да убедува или разубедува, туку за да ја спроведува стратегијата и целите кои државата ги зацртала пред 31 година. Се водиме од стратегиите и целите на државата за полнправно членство во ЕУ. Убеден сум дека во државата има доволно политичка супстанца која е евроопски мотивирана.- Димитар Ковачевски – претседател на Влада