Од тоа што паметниот се срами, будалиот се фали!
Алек Болдвин ја спореди својата зависност од кокаин со онаа од кафе, признавајќи дека „шмркал“ по цели денови во текот на две години.
Познатиотактер искрено зборуваше за својата борба со зависноста од дрога и алкохол откако прослави 39 години „апстиненција“.
Тој откри дека тој проблем го имал во текот на две години и се пошегува дека шмркал „линија прашок доволно долга за да се протега од Земјата до Сатурн и назад“, што предизвика револт во јавноста, бидејќи тој е јавна личност и такви работи не треба да се изговараат и промовира преку шега.
Алек продолжи да објаснува дека неговите проблеми со кокаинот почнале откако тој се преселил од Њујорк во Лос Анџелес во 1983 година и таа навика набрзо го презела неговиот живот.
Поврзани објави
На прашањето што прави сега наместо да „шмрка“, Алек откри дека сака да медитира, но тешко наоѓа мир и спокојство дома со седумте деца што ги дели со сопругата Хиларија.
Инаку, Алек Болдвин ја застрела и усмрти камерманката Халина Хачинс во октомври 2021 година, како што тој рекол, додека вежбал со пиштолот за кој верувал дека е безбеден. Aктерот е ослободен од сите обвиненија по повод смртта на снимателката
Погледнете како реагира Алек Болдвин кога му кажуваат дека застреланата Халина починала!
Фото: Getty Images