Почетна МакедонијаЈакимовски во Кичево: Нема преговори за македонскиот јазик и идентитет

Јакимовски во Кичево: Нема преговори за македонскиот јазик и идентитет

од nenad
1 минути читај за

-Нема преговори за македонскиот јазик и идентитет, ќе бидам претседател за сите граѓани на Република Македонија и Македонија секогаш ќе биде на прво место, порача Јакимовски.

   

Претседателскиот кандидат од редовите на ГРОМ, денеска во рамки на кампањата одржа средба и со жителите на Гостивар. Пред гостиварци тој говореше за актуелните случувања и напомена дека најголемата мака е иселувањето од државата, кое рече се случува поради лошите политики на досегапните владеjачки гарнитури..Зборувајќи за промената на Уставот, тој упати критики за предлозите на неговите противкандидати околу овој процес.

-Претседателските кандидати бегаат од дебати. Тоа е голем срам за демократијата. Народот мора да ги слушне нивните ставови околу суштинските прашања за државата, рече Јакимовски.