Едно или две…
Можам да замислам моето семејство да има шест члена…
Водителката Јована Јоксимовиќ и нејзиниот сопруг, кантавторот Жељко Јоксимовиќ многу сакаат деца, но и покрај желбата изгледа тоа нема да се случи.
Бременоста на Јована Јоксимовиќ, како што нагласија во 2019 година, не е можна од повеќе причини. Сепак тие се горди родители на синот Коста и ќерките Срна и Ана.
„Можам да замислам моето семејство да има шест члена, што би рекол мојот сопруг: „Никогаш доста од деца“, истакна во една прилика водителката.
Меѓу другото објасни и зошто не размислуваат за проширување на семејството:
Поврзани објави
„Сепак, за жал, веќе нема да можеме да го „прошируваме“ семејството, бидејќи имав многу комплицирана бременост и породување. Завршив со децата, заокружено на три“.
Сепак, за момент многумина помислија дека Јоксимовиќ повторно е во блажена состојба. До таквите заклучоци дојдоа откако Јелена сподели фотографија како се подготува за снимање на која доминира нејзиниот стомак во тесниот фустан. Очигледно зимата си го направила своето.
Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: