61
Ако барате едноставен оброк кој ги задоволува сите нутритивни потреби на едно семејство, печено пилешко со зеленчук во рерна е одлична идеја. Овој рецепт со пилешко е добар извор на протеини, како и разновиден зеленчук кој обезбедува витамини, минерали и влакна, па навистина може да се смета за здрав оброк. Еве како да го подготвите.
Состојки:
Поврзани објави
- 1 кг батак и карабатак
- 1/2 лажичка бибер
- 1 лажица гранулиран лук
- 2 лажички сенф
- 1 лажица мед
- 4 компири
- 2 моркови
- 1 црвена пиперка
- 1 главица кромид
- 100 гр чери домати
- 1 главица лук
- Сол, бибер, оригано по вкус
Подготовка:
- Измешајте мед, сенф и зачини во сад. Пилешкото добро посолете го, па ставете го во подготвената смеса од мед и сенф барем еден час.
- Зеленчукот исчистете го, исечете го на поголеми парчиња и потоа сварете го додека не омекне. Исцедете.
- Тавата подмачкајте ја со масло и наредете го сварениот зеленчук. Преку него наредете го исечканиот кромид. Посолете и уште малку масло и сè убаво измешајте. Ставете го месото над зеленчукот и прелијте со преостанатата маринада.
- Околу зеленчукот ставете неизлупени чешниња лук и парчиња путер.
- Се пече во рерна загреана на 180 степени.
- При крај додадете ги чери доматите и печете го пилешкото уште 5-10 минути.