Почетна Убавина и здравјеНевестата го истакна трудничкото стомаче – Убавина и здравје

Невестата го истакна трудничкото стомаче – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Едина Муса и Александар Димитровски Мачка, вчеравечер правеа свадба во скопскиот ресторан „Рагуза“. Едина во септември објави фотографија на која го гали своето стомаче, со што наговести дека е трудна.

 

Сега конечно парот ја круниса својата љубов со брак, а на свадбата првиот танц на младенците им го отпеа Павле Камиловски. Ова е прв брак за Едина, а втор за Мачка, кој беше женет за нашата популарна пејачка Тамара Тодевска.

 


Поврзани објави

Едина за овој посебен ден одбрала бела тесна венчаница која ѝ го оцртува трудничкиот стомак, а Мачка бил облечен во класичен костум.

На веселбата присуствувале и двете деца на Мачка, Хана и Дарен, кои ги има со поранешната сопруга, Тамара Тодевска, која на својот Инстаграм профил споделила фотографија од двете деца со натпис: „Спремни за кај тато на свадба“.

На свадбата за микрофонот се фатил и Дарко Гелев-Брејк кој на младите им го честитал бракот со баладата „Лебедот бел“.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/edina_musa/