Table of Contents
Помрачувањето на Сонцето што нè очекува на 2 октомври во знакот Терезија носи големи промени, особено за одредени хороскопски знаци
Помрачувањето на Сонцето во Терезија претставува астролошки настан кој става фокус на рамнотежата, односите и правдата. За време на овој период, одредени хороскопски знаци ќе се соочат со почеток на важни циклуси во клучни аспекти од својот живот, кои ќе предизвикаат големи промени.
Терезија
Промените во вашиот живот започнале уште летото 2023 година, кога Јазолот на кармата од минатото се преселил во вашиот знак. Сега е време засекогаш да се збогувате со некои работи, а овие промени најмногу ќе се одразат на развојот на вашата личност.
Помрачувањето на Сонцето во Терезија ќе ве поттикне да разберете дека сега е моментот да зачекорите во нова фаза. Оваа трансформација доаѓа однатре и може да вклучува промена на имиџот, стилот, животот, професијата, па дури и местото на живеење. На 2 октомври универзумот ви испраќа порака која гласи: Иако ја цените рамнотежата, време е да направите драстични промени што ќе ја преобразат вашата судбина.
Овен
Поврзани објави
За вас, слоганот на ова помрачување гласи: Сè што е ново, доаѓа од минатото. Иако со задоволство би тргнале напред, овој настан ве поттикнува да се позанимавате со нерешени прашања од минатото, особено со оние што се однесуваат на вашите односи и работата.
Можеби повторно ќе ви се укаже можност да се соочите поранешни работодавци или партнери, што може да биде болно. Меѓутоа, ова ќе даде шанса да ги разберете причините поради кои сте ги напуштиле тие врски или работни места, отворајќи ви го патот кон иднината.
Јарец
Во текот на ова помрачување ве очекуваат значајни промени на работа, бидејќи се случува во секторот на вашата кариера и цели. Промените може да вклучуваат нова управа, промена на проект, па дури и промена на фирмата за која работите.
Некои Јарци ќе се соочат со промена на статусот, ќе добијат нови одговорности или ќе бидат принудени да се занимаваат со ненадејните предизвици што ќе им се појават на патот.
ФОТО: Bryan Goff / Unsplash