Популарната пејачка Јелена Карлеуша настапи за најлудата ноќ во годината во престижен хотел во Белград.
Пејачката тука настапува речиси секоја година, па тоа стана своевидна традиција.
Присутните можеа да уживаат во нејзините најголеми хитови, како „Слатка мала“, „Инсомниа“, „Крими рад“, „Остављам те“ и многу други, а пееше и од своите стари песни како „Пази се“.
Поврзани објави
На сцената Јелена ја следеа нејзините танчерки, а таа се појави во црн комбинезон со светки и голем пердув кој почнува од врвот на главата па се до подот.
Во одреден момент од вечерта се пресоблече во сив комбинезон „Balenciaga“, кој беше целосно затворен, што изненади многумина, бидејќи сите знаеме колку Јелена сака да провоцира со својот изглед и стајлинг.
Инспирирано од: www.ubavinaizdravje.mk