-Убедена сум дека ќе го понудиме најдобриот кандидат во трката за претседател, кој ќе биде силен столб на победата, рече потпретседателката на СДСМ и министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за Прес 24.Таа ја потенцираше неодговорноста на опозициската ДПМНЕ и рече дека немаат план.
– Неодговорноста кон државата, инаетот и политикантството на ВМРО-ДПМНЕ не само што ги стави граѓаните повторно во неизвесност, туку го стави прашањето за европската интеграција како точка на претстојните избори. ДПМНЕ избегнува да понуди решенија за европската интеграција – тие не предлагаат ништо бидејќи немаат решенија, немаат план. Тие водат кампањи на национализам наместо да зборуваат за повисоки плати, пензии, за енергетски политики и за социјални мерки. Со вакво деструктивно делување, со ширење дезинформации и паника кај граѓаните, без понуда и реални политики од страна на ДПМНЕ, мнозинството во идната влада ќе го има европскиот фронт предводен од СДСМ – рече Костадиновска Стојчевска.
Костадиновска –Стојчевска се осврна и на Законот за употреба на македонскиот јазик, велејќи дека новиот Закон е јасен и прецизен одговор на новите предизвици кои бараат зголемена, организирана и системска грижа на државата за правилна употреба на македонскиот јазик и на неговото кирилско писмо