Почетна МакедонијаМакедонската амбасада во Тирана објави повик за увид во Избирачкиот список и пријавување за гласање

Македонската амбасада во Тирана објави повик за увид во Избирачкиот список и пријавување за гласање

од nenad
1 минути читај за

Повикот се однесува за сите државјани на Република Северна Македонија: припадници на македонското национално малцинство, лица со привремен престој и лица со постојан престој во Република Албанија, кои сакаат да го остварат своето гласачко право на претстојните избори.

   

– Информации за процесот на запишување во посебниот Избирачки список, како и пријавување за гласање во амбасадата, за претседателски и парламентарни избори, кои ќе се одржат на 24 април односно 8 мај, може да ги добиете на следните веб страните: Министерството за надворешни работи: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1908/javen-povik; Амбасадата: http://madrid.mfa.gov.mk/mk/page/1908/javen-povik или Државната изборна комисија https://www.sec.mk/, стои во објавата.Додаваат дека увидот и запишување во Избирачкиот список може да остварат од 28 февруари до 18 март годинава.