Почетна Убавина и здравјеДејвид Бекам ги полуде обожавателките со видео на кое е гол (видео) – Убавина и здравје

Дејвид Бекам ги полуде обожавателките со видео на кое е гол (видео) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Еден и единствен…

Познатиот и атрактивен фудбалер Дејвид Бекам на својот Инстаграм профил сподели видео кое всушност е реклама, но истото масовно се прошири, бидејќи тој позира гол. Во видео пораката Бекам го промовира својот нов парфем. Видеото за помалку од 24 часа од објавувањето собра повеќе од 440.000 лајкови.

На почетокот на рекламата, снимена од фотографот Кас Блекберд, 48-годишниот поранешен фудбалер лежи на кревет со откопчана бела кошула, за миг подоцна да ги покаже своите мускули и тетоважи.

„Го претставувам мојот нов парфем, True Instinct… Ми се допадна снимањето со Кас Блекберд“, напиша Бекам над видеото, која ги збесна обожавателките.

Водеото покрај милионските прегледи ги разгоре и коментарите од обожавателките.


Поврзани објави

 

„Ммм… ова не е за тие со слабо срце“, „Точно знае што прави, уфф…“, се само дел од бројните коментари.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија Бекам за време на празниците објави фотографија од поранешниот фудбалер како го поправа телевизорот во долна облека, а обожавателите и се заблагодарија за можноста да го видат во едно поинакво издание.

Фото и видео: Инстаграм