Овие продукти штитат и од рак на дебелото црево…
Јодот е еден од основните минерали неопходни за правилен психофизички развој. Потребен е за создавање на нови нервни клетки и нивно оптимално функционирање, но и за функционален метаболизам и спречување на бројни болести, не само на тироидната жлезда.
За кои функции во телото е неопходен јод?
Овој микронутриент е еден од најважните во бременоста поради нормалниот развој на мозокот на бебето. Покрај тоа, правилниот раст и развој на коските, нервите и мускулите зависи од количината на внес на јод.
Јод: Колку од овој минерал ни треба дневно?
Се проценува дека една третина од светската популација страда од дефицит на јод. Просечниот возрасен човек има потреба од 150 до 200 микрограми јод дневно. Бидејќи јод не се создава во организмот, односно нашето тело не е способно само да го произведе, потребно е да се внесе преку храната. Еве кои намирници содржат најмногу јод:
1. Алги
Покрај тоа што е еден од најдобрите природни извори на јод, морските алги се добар извор на антиоксиданси, витамини и други минерали. Исто така, тие содржат многу малку калории. Количината на јод во морските алги може да варира во зависност од видот на алгите, регионот каде што се одгледувале и начинот на подготовка.
2. Млечни производи
Млечните производи се главните извори на јод во некои региони во светот (САД). Според студиите, предничат млекото, јогуртот и сирењето. Една чаша јогурт обезбедува околу половина од препорачаната дневна количина на јод за возрасни. Количината на јод во сирењето варира во зависност од видот, но најмногу се препорачуваат младите сирења.
Поврзани објави
3. Јодизирана сол
Конзумирањето на половина лажичка јодизирана сол дневно обезбедува доволно јод за да се спречи недостаток на овој минерал. Сепак, не треба да заборавиме дека многу луѓе и хронично болните мораат да го контролираат внесот на сол пред се поради високиот крвен притисок (четвртина од населението). Затоа недостатокот на јод мора да го надополнат од други извори, односно храна.
4. Туна и бакалар
Туната е исто така е ниско калорична храна со висока содржина на протеини и јод. Покрај тоа, таа е добар извор на калиум, железо и витамини од групата Б, како и омега-3 масни киселини, кои можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања. Сепак, шампион во содржината на јод е бакаларот, кој содржи неспоредливо помалку масти од туната и поголема количина на јод.
Во 85 грама бакалар има приближно 63-99 микрограми јод, или 42-66 проценти од дневната препорачана количина.
5. Јајца
Едно цело јајце е одличен извор на протеини, здрави масти и широк спектар на витамини и минерали, вклучително и јод. Повеќето од овие хранливи материи, вклучително и јод, доаѓаат од жолчката. Во просек, едно големо јајце содржи 24 mcg јод или 16 проценти од потребната дневна вредност на внесот на јод.
6. Суви сливи
Во пет суви сливи има 13 mcg јод или околу 9 проценти од дневната потреба на јод за возрасни. Високата содржина на растителни влакна, витамини К, А, калиум, железо ги прави сливите исклучително здрави, бидејќи го подобруваат здравјето на срцето, го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево, па дури и помагаат во контролата на тежината со намалување на апетитот.
8. Ракчиња
Ракчињата се нискокалорична морска храна богата со протеини, што е многу добар извор на јод. Покрај тоа, тие обезбедуваат клучни хранливи материи како што се витамин Б12, селен и фосфор. И ракчињата и другите морски плодови се добри извори на јод, бидејќи апсорбираат дел од јодот што природно е присутен во морската вода.