Податоците од полицијата покажуваат дека најголем број странски работници, од нив 68.912 се вработени во градежниот сектор. Потоа следат туризмот и угостителството, каде лани биле вработени 45.868 странци, индустрискиот сектор примил 24.034, транспортот и врските 11.497, а трговскиот сектор 5.126 странски работници.
Што се однесува до потеклото на странските работници во Хрватска, во 2023 година најмногу се од БиХ, 38.236 од нив, а потоа следи Србија, од каде се вработиле 24.028 лица. Министерството за внатрешни работи ги објави само првите 10 земји од кои дошле најмногу луѓе, па на трето место е Непал, од кој дошле 23.493 работници, 15.627 се од Индија, 13.412 од Северна Македонија, 10.999 од Филипините, 9.922 од Косово, 8.749 од Бангладеш, 5.067 од Турција и 4.244 од Албанија.Најмногу нови странски работници пристигнале во градот Загреб.