Почетна ТехнологијаАбас утре во Каиро на средба со египетскиот претседател

Абас утре во Каиро на средба со египетскиот претседател

од nenad
1 минути читај за




Махмуд Абас / Фото EPA-EFE/JADE GAO / POOL
Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас утре ќе го посети Каиро за да разговара со неговиот египетски колега Абдел Фатах ал Сиси, јавија египетски медиуми.
Според информациите на палестинската партија Фатах, Абас ќе биде придружуван од министерот за цивилни работи и секретарот на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), Хусеин ал Шеик, и шефот на палестинското разузнавање Маџит Фараџ.

   

Египет ги засили своите повици до меѓународната заедница за да се најде решение за палестинското прашање. Каиро во повеќе наврати изјави дека стабилноста во регионот зависи од постигнувањето сеопфатен договор заснован на решение за две држави.Делегации на Хамас и на Исламски џихад претходно беа на разговори во главниот град на Египет. Египет ќе биде и последната станица на актуелната турнеја на Блискиот исток на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.