СВР Битола синоќа и во изминатите две вечери, во периодот од 22. 00 до 05.
00 часот на територија на СВР Битола, односно во Битола и Прилеп спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата санкционирани се 17 возачи, а откриени биле и 14 останати прекршоци, потврдија од СВР-Битола- Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и затоа апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се воздржат од конзумирање алкохол при управување со моторното возило, бидејќи само така ќе овозможиме безбеден сообраќај и спречување на сообраќајни незгоди, соопштија од СВР-Битола.
мт/мд/Фото: МИА архива .
Извор: МИА