„Нашата подготвеност во целост да го обновиме дијалогот со САД не треба да се зема здраво за готово. Руско-американските односи се влошија до крај поради вината на Вашингтон, кој доктринарно ја одреди задачата да се нанесе „стратешки пораз“ на Русија. Иако Белата куќа и натаму е внимателна да го уништи тоа што остана од односите, Американците очигледно не се подготвени да водат искрен дијалог заснован на заемно почитување и уважување на интересите на двете страни“, објасни Лавров.
Како што вели тој, мирното функционирање заедно со Вашингтон е можно, но само доколку Америка го признае рускиот национален интерес. Сепак, „владејачките кругови во САД ја негираат реалноста на мултиполарниот свет“.Во тој контекст, тој го спомена и Договорот за ликвидација на ракетите со краток и среден дострел, кој Москва и Вашингтон го потпишаа во 1987 година, и рече дека „не останува уште многу додека Американците на копно не распоредат ракети со краток и среден дострел во различни региони во светот“, односно додека овој Договор не биде прекршен.