Дали знаевте дека мајчината душица е неверојатна билка која има многу лековити својства? Измешајте ja со лук и ќе ги добиете двата од најмоќните исцелители во светот. Ако ви е студено или веќе имате грип, подгответе ја оваа неверојатна супа која ќе ве излечи додека да трепнете.
Состојки:
путер
1 главица кромид
2 стебленца целер
2 моркови
1 цела главица лук плус 3 чешниња
1 ½ литар течност за супа
1 мајчина душица
пилешко месо
сецкан зеленчук по ваш избор
оцет или сок од лимон
морска сол и бибер по вкус
Поврзани објави
Подготовка:
Растопете го путерот на средно-тивок оган. Додадете ги целерот, морковот, кромидот исечкан на коцки и прстофат морска сол. Пржете во путер 5 минути. Лукот исечкајте го, но тргнете на страна 3 чешниња лук. Во смесата со зеленчук се додава лукот, се пржи уште 1 минута, се додава мајчината душица и зеленилото. Истурете сè во супата и оставете да зоврие, намалете ја топлината и оставете да врие 10 минути.
Додадете го свареното пилешко, малку оцет или сок од лимон и зачинете ја супата со сол и бибер.