-Државата ќе реагира согласно законите и Уставот на нашата држава. Никој нема право да ни ја уништува куќата, имотот на нашата земја и на нашите граѓани, а уште помалку има право да ги загрозува животите на нашите полицајци – рече Вучиќ.Според него, двајца полицајци се тешко повредени, а на еден едвај успеале да му го запрат крварењето.
– Неколку од нив се ранети. Нашите безбедносни агенции целосно го предвидеа ова, ја информиравме јавноста и сите се правеа наивни како да не знаат за што се работи, вели Вучиќ.Како што оцени, вечерва бил направен обид насилно да се преземат институциите на Србија.
– Досега се уапсени повеќе од 35 силеџии. Акцијата продолжува и нема да запре. Во моментов се утврдува идентитетот на некои лица и сите ќе бидат уапсени во текот на ноќта. Каде и да се кријат нема да можат да се сокријат, рече српскиот претседател и додаде дека изборната волја на народот е света.Како што вели, за минута и пол сите побегнале кога се појавила жандармеријата. Тој додава дека и нанеле голема штета на државата Србија.
– Се надевам дека повредените полицајци ќе бидат добро. Се јавив на еден од нив. Утре ќе се обрати полиција и ќе ги покаже сите докази. Ќе го гониме секој што учествувал во тоа, рече Вучиќ. Како што вели, секој ќе одговара за насилничко однесување.