Почетна БалканЈа започнуваме постапката за екстрадиција – Курир

Ја започнуваме постапката за екстрадиција – Курир

од nenad
1 минути читај за
Лога: Ја започнуваме постапката за екстрадиција

Кренар Лога/printscreen/МИА

Министерот за правда Кренар Лога за „4NEWS.mk“ рече дека уште утрово, со почетокот на работниот ден, ќе започнат со подготовка на соодветната документација за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо од Турција во земјава.

Од почетокот на работното време ќе ја започнеме соодветната постапка, вели Лога.

Вчера турската полиција го уапси првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

На повеќе од 100 страници е напишана кривична пријава за убиството на скопјанката и велешанецот, а опфатени се 5 лица, еден за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршување на убиство и еден за помагање при грабнување.

Извор : Kurir.mk

Лога: Ја започнуваме постапката за екстрадиција