Италијанскиот милионер Џанлука Ваки на социјалните мрежи се прости од легендарниот Синиша Михајловиќ.Она што особено привлече внимание е тоа што Ваки истакна дека двајцата разговарале по телефон во петокот.Чао пријателе, му благодарам на Бога што во петок можев да те поздравам телефонски. Секогаш го имаше истиот дух и истата желба да се насмеш и да се бориш. Колку лекции ни даде, низ колку борби требаше да поминеш и колку енергија ни даде со твојата смеа зад која стоеше огромно срце. Кога летово ми се јави и рече дека мојот документарец ти дава сила, бев трогнат и плачевме заедно. Секогаш ќе бидеш во моето срце, пријателе, те сакам, напиша Ваки во своите приказни на Инстаграм.
ЗАЕДНО ПЛАЧЕВМЕ Простувајќи се со Синиша Михајловиќ, Џанлука Ваки откри како изгледал нивниот последен телефонски разговор
84