Кога станува збор за вашата кариера, социјалните мрежи можат да бидат вашиот најдобар пријател или вашиот најголем непријател. Објавите на вашите колеги за нивните професионални успеси и напредок можат да бидат мотивирачки, но можат да доведат и до нездрави споредби и фрустрации.
Социјалните мрежи треба да ги користите стратешки и паметно. Тие можат да ви помогнат: да најдете работа, да стекнете знаење од различни луѓе во светот, да ги зајакнете вашите познанства и да се претставите во добро светло пред широката публика на луѓе.
Како можете да ги искористите сите овие придобивки што ги обезбедуваат социјалните мрежи?
Поставете цел што сакате да ја постигнете со вашето онлајн-присуство. Што сакате да ви донесат социјалните мрежи? Дали е тоа нова работа, развој на кариерата, поквалитетни контакти, познанства со луѓе од вашата индустрија?
ДЕФИНИРАЈТЕ КОЈА ПЕРЦЕПЦИЈА САКАТЕ ДА ПОСТИГНЕТЕ НА ДИГИТАЛНИТЕ МЕДИУМИ.
Како сакате другите да ве видат и доживеат? Дали сакате да ве доживуваат како личност од доверба и стил, дека сте веродостојни и професионални, забавни и духовити?
ИЗБЕРЕТЕ ПЛАТФОРМА НА КОЈА ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОСТИГНЕТЕ ГОРЕНИТЕ ЦЕЛИ И ПЕРЦЕПЦИЈА.
Истражете која платформа ги има најдобрите карактеристики за она што ви треба. На пример, ако сте сопственик на моден бренд и сакате тој да се истакнува, Инстаграм и Пинтерест се за вас. Тоа се платформи на кои визуелното искуство е на прво место и фокусот е на него.
Доколку се занимавате со новинарство, X (поранешен Твитер) е идеална платформа за вас, бидејќи е дизајнирана за краток и концизен текст со најновите информации. Линкедин сè уште е неприкосновена социјална мрежа доколку барате силни деловни контакти и деловни можности, како и за следење на трендовите во вашата индустрија.
Можеби се прашувате што е со ТикТок: иако тоа не е вашиот прв избор во моментов поради неговата претежно помлада публика, важно е да разберете дека оваа платформа постојано расте. ТикТок стана значаен тренд и неизбежно е, порано или подоцна, да мора да се приспособите и да ги искористите можностите што ги дава.
Поврзани објави
Не треба да бидете ексклузивни и да се фокусирате само на една платформа, туку да ѝ давате приоритет, но и да овозможите да се најдете на различни места на Интернет.
ГРАДЕТЕ КОНЕКЦИИ
Кога ќе сретнете некого на некој настан или конференција и размените контакти, следниот ден испратете порака:
Еј (име на личноста), мило ми е што се запознавме вчера. Би сакал да останам во контакт и да слушнам повеќе за вашата работа (проект, обука). Ова е врската до мојот Инстаграм, Линкедин, Фејсбук…“.
Можете исто така да им пишувате на луѓето на социјалните мрежи на ист начин: преставете се, наведете зошто контактирате со нив („Вие сте лидер во оваа област, ви благодариме за содржината што ја споделувате“). Одржувајте ја вашата порака кратка, јасна и концизна и немојте веднаш да имате трансакциски барања (совет и слично).
КРЕИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ СТИЛ НА НАСТАП
Бидете корисни и релевантни. Запрашајте се што е тоа што би било интересно да го видат луѓето чие внимание сакате да го привлечете. Бидете свежи, уникатни и природни. Не копирајте други.
Поставете го прашањето зошто би имале влијание врз некого. Зошто се важни информациите што им ги давате? Создадете содржина што одговара на тоа. Добрата и квалитетна изведба бара време и континуитет. Социјалните мрежи се моќна алатка и вреди да се вложи труд во нив.
ФОТО И ТЕКСТ: Marie Claire, Србија