Почетна Убавина и здравјеАна Николиќ со емотивно видео им го честиташе на Прија и Филип раѓањето на ќерката – Убавина и здравје

Ана Николиќ со емотивно видео им го честиташе на Прија и Филип раѓањето на ќерката – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Пејачката Ана Николиќ со емотивна објава упати честитки до својата колешка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ.

Александра Пријовиќ се породи вчера и на свет донесе ќерка. Прославата траеше до доцна во ноќта, а гордите родители добиваа честитки од сите страни. Со емотивна порака им се обрати и пејачката Ана Николиќ, која неодамна помина низ тежок период откако го пријави својот партнер Горан Ратковиќ Рале за семејно насилство.

Александра, драга моја убавице, толку многу постигна во животот со својот труд, работа и добрина. Ти си толку мила и добра душа што го заслужуваш сето она што Бог ти го подари, па и ова – ќеркичката. Нека ѝ даде Бог долг живот, ви честитам за девојчето тебе и на Филип, и ви посакувам уште деца и вечна среќа. Ве бакнува многу, Ана Николиќ – рече Ана во видеото што го објави на социјалните мрежи.


Поврзани објави

Александра брзо ѝ одговори на колешката:

Ти благодарам тмногу! Те бакнувам – напиша Пријовиќ под видеото на Ана.

Да потсетиме, Александра и Филип за својата наследничка го избраа името Ариа, кое носи силна симболика.

Фото: Инстаграм