Од компанијата нагласуваат дека нивните анализи не покажале никакви неправилности, туку дека од пазарот повлекуваат шишиња „Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate 330ml“ од одредена серија.
Шишињата од горенаведената серија се повлекуваат од пазарот во интерес на јавното здравје. Продолжуваме да даваме целосна поддршка на надлежните институции во преземањето чекори за заштита на јавното здравје. На сите настрадани сограѓани им посакуваме брзо и целосно закрепнување“, се вели во соопштението.
За потсетување, околу 34 лица досега се пријавиле во болниците низ Хрватска поради сомневање за труење по конзумирање на споменатата вода.Првиот случај е откриен пред неколку дена во Риека, каде маж се здобил со хемиски повреди на хранопроводникот.