Почетна ЕкономијаСАД, Јужна Кореја и Јапонија се согласија да се борат против севернокорејските кибер-напади

САД, Јужна Кореја и Јапонија се согласија да се борат против севернокорејските кибер-напади

од nenad
1 минути читај за

САД, Јужна Кореја и Јапонија се согласија да формираат консултативна група на високо ниво за да се спротивстават на севернокорејските кибер-напади за кои велат дека се користат за финансирање на севернокорејските програми за нуклеарно оружје, соопшти денеска кабинетот на јужнокорејскиот претседател.

   

Заменик-советничката за национална безбедност на САД за кибер-технологии, Ен Нојбергер минатата недела разговараше во Вашингтон со нејзините колеги од Јужна Кореја и Јапонија.Тие се согласија да одржуваат квартални состаноци во нов формат со цел зајакнување на ефикасноста на трите земји во одговорот на глобалните кибер-закани, вклучително и заедничко спротивставување на кибер активностите на Северна Кореја, се вели во соопштението.

Лидерите на САД, Јужна Кореја и Јапонија во август се состанаа на самит во Кемп Дејвид кога се договорија да формираат нова трилатерална работна група за справување со кибер-заканите на Северна Кореја.Во извештај на Обединетите нации се вели дека Северна Кореја минатата година ја засилила кражбата на криптовалути, користејќи софистицирани техники. Северна Кореја ги отфрли обвинувањата за хакерски и други кибер-напади.