Ким Кардашијан (42) и нејзиниот 7-годишен син Сент беа на кошаркарски натпревар во петокот . Додека излегуваа од натпреварот, Сент им покажа среден прст на папараците, по што Ким го искара и му го покри лицето со дланката. Toj, пак, само се смееше.
Ким честопати е критикувана дека е „лоша мајка“, а ова не е првпат нејзините деца да се однесуваат неучтиво. Минатото лето, на Инстаграм лајв-видео, Сент ги навреди следбениците на Ким.
Имено, Ким снимаше во нејзиниот автомобил со синовите Сент и Псалм. Таа им рече на синовите да ги поздрават фановите на Инстаграм, по што Сент рече:
Здраво чудаци!“
Ким веднаш му рече на Сент да престане и го прекина снимањето. Во 2011-та, пак, Ким откри дека Норт им правела проблеми додека правеле божиќна фотосесија.
Децата постојано плачат. Воопшто не се согласуваат. Повеќето фотки што ги направивме се неупотребливи, бидејќи Норт покажува среден прст на нив.
На вакви денови само сакам да се затворам во собатa. Премногу е. Навистина е премногу да бидеш мајка“, изјави Ким во ријалити-шоуто на Кардашијанс.
На неколку видеа на ТиТок и Инстаграм, децата на Ким самите ја критикуваат мајка им и откриваат дека се однесуваат лошо кон неа.
На видео кое беше споделено на Инстаграм Стори, Сент изјави:
Знам дека сум многу лош кон тебе. Ти велам дека не ми значиш ништо, но за мене ти си целиот свет.
Во друго видео, ќерка ѝ Чикаго изјави дека Ким никогаш не готви, како и дека одењето во теретана е она што мајка ѝ го прави најдобро.
Децата на Ким многупати и имаат „упаднато“ на Инстаграм лајв-видеа, а во повеќето ситуации на ријалити-ѕвездата ѝ е тешко да ги контролира.