Ова јадење не само што ќе ве засити, туку и ќе ве забавува
Доколку не сте пробале фонду, не знаете што сте пропуштиле! Комбинацијата на стопено квалитетно сирење со добро вино е добитна комбинација за дружење или романтична вечера во двојка.
Според Марта Стјуарт, жената која ќе испушти нешто во садот за фонду, мора да го бакне секој маж на масата, а мажот мора да ја почести цела маса со пијалак.
Степенот до кој ќе дозволите овие правила да влијаат врз гостите на вашата следна забава со фонду, зависи од вашата дискреција.
Фондуто се заснова на изборот на сирење. Квалитетот и видовите сирење што ќе ги користите, ќе имаат огромно влијание врз конечниот резултат.
Состојки:
- 150 г цврсто алпско сирење, како груер или ементалер
- 150 г фонтина
- 150 г гауда
- 2 лажици пченкарен скроб
- 1 шолја суво бело вино како совињон блан
- 1 чешне лук, мелено
- 1 лажица свеж лимонов сок
- пола лажица ракија или 1 лажица бренди
- 1 лажица сенф „дижон“
- една третина лажиче мускатно оревче
Можете да користите многу прилози за макање во богатиот вкус на сирења. Главно се советува тоа да биде некој леб или закиселен зеленчук, но вкусовите се различни.
Поврзани објави
- варено младо компирче во лушпа, сечкано на четвртини ако е поголемо
- благо варени цветови брокула
- благо варени цветови карфиол
- шери домати
- сечкано цврсти јаболко
- сечкан лут колбас
- сечкан црн леб
Приготвување:
Изрендајте ги сите сирења. Во среден сад измешајте ги сирењата со пченкарниот скроб, добро промешајте ги за да се обложат сите делови.
Во огноотпорен сад за фонду или во големо, тешко тенџере, ставете вино, лук и лимонов сок на средна температура и проварете.
Додавајте ги сирењата во зовриената течност, малку по малку, добро мешајќи помеѓу секое додавање за да добиете мазна текстура.
Кога ќе стане мазно, додајте ракија, сенф и мускатно оревче. Наредете асортиман од залачиња за макање на чинија. Внимателно сипете го фондуто во посебно направена чинија од издлабен леб, ако сакате. Така, тестото ќе го впие вкусот на сирењето и ќе можете да ја изедете оваа импровизирана чинија кога ќе завршите.
Послужете со виљушки за фонду или дрвени раженчиња. Обрнете внимание на пијалакот со ова јадење, гледајте тоа да биде алкохолен, газиран или топол пијалак, за да не ве боли стомак.
Фондуто од сирење може да се направи еден ден однапред и да се чува во фрижидер. Загрејте го малку на тивок оган, додајте бело вино по потреба за да го разредите фондуто и да ја постигнете вистинската густина.