Почетна Убавина и здравјеОд мрачен таван направила прекрасна соба: Изгледа светло и пространо поради еден ДЕТАЉ!

Од мрачен таван направила прекрасна соба: Изгледа светло и пространо поради еден ДЕТАЉ!

од nenad
2 минути читај за

Благодарение на креативниот дизајн, некогашниот мрачен таван станал пространа и светла канцеларија

Ејми и Томас биле воодушевени од својот нов дом – прекрасна куќа од 1925 година во Тудорски стил во Њу Џерси – но некои простории изгледале прилично валкано и мрачно. Затоа, двојката одлучила да го освежи својот простор.

Имено, целата куќа била средена, а единственото нешто што недостасувало било канцеларија за Ејми. Па така, одлучиле да го претворат стариот таван во работна соба.

Додека Томас имал канцеларија на приземје, Ејми сакала мирно прибежиште за себе, далеку од бучавата и хаосот во деновите кога работела од дома и кога имала многу повици на Зум. Сакала нејзината канцеларија да биде женствена, светла, прозрачна и, едноставно, убава – нејзино катче.

На последниот кат од куќата, малиот таван не изгледал баш најубаво и воопшто не бил светол и прозрачен како што сакала Ејми.

„Беше малку депресивно. Подовите чкрипеа, а собата имаше секакви незгодни агли“.

Во суштина, тоа било непотребен простор.

Ѕидовите на таванот беа текстурирани и обоени со кафенозелена боја, како валкана вода за бањање, а флеките од излупена боја и валканата беж завршница, никако не го подобрувале впечатокот. Традиционалната завршна обработка на таванот и длабокиот наклон, во комбинација со ниските прозорци во собата и избледените подови, исто така претставувале предизвик.


Поврзани објави

Така го започнале процесот на дизајнирање, имајќи ја на ум визијата на Ејми за светло, женствено прибежиште. Двата детали што ја воделе дизајнерската шема биле нејзината љубов кон бојата на лаванда и нејзиниот афинитет кон печати, па кога ги пронашле овие прекрасни светни тапети, знаела дека тие ќе го постават тонот во целата соба.

За да биде палетата на бои светла и прозрачна, а буџетот помал, ги бојосале дрвените подови во бела, наместо да ги менуваат. Темниот дрвен тон би направил просторот, кој имал само 9 метри квадратни, да изгледа помал и долниот дел да биде претежок.

На крајот, додале римски завеси од ленени ткаенини во боја на јоргован за да изгледа собата уште понежно. За да внесат повеќе дневна светлина, ги држат завесите отворени поголемиот дел од времето, бидејќи немаат соседи од таа страна на куќата, а декорацијата на прозорците прави просторот да изгледа многу поскладно.

На крајот, мебелот! Што е домашна канцеларија без биро? Одбрала такво со стаклена плоча и луцитни ногарки за да не изгледа работниот простор визуелно тешко.

„Цврсто парче визуелно би зазело многу простор, а оваа маса како да лебди во собата.“

Конечно, некогаш неискористениот таван сега е светол, отворениот работен простор е исполнет со цвеќе, совршен за работни повици и тивка концентрација.