Почетна МакедонијаЦистерна со метан го отежна сообраќајот кај Плетвар

Цистерна со метан го отежна сообраќајот кај Плетвар

од nenad
1 минути читај за


РЦУК – Прилеп известува дека од 15:20 часот пожарникарите од Прилеп и екипа од Полициска станица ПС Прилеп на патен правец Прилеп – Плетвар кај Каменоломот имаат интервенција на сигурносниот вентил кој испуштал гориво од возило – цистерна што превезувала течен гас – метан.
плетвар.Возилото е отстрането од сообраќај, а на местото се упатени екипи од ПС Прилеп и ТППЕ Прилеп заради одстранување на дефектот и обезбедување на просторот и возилото.Сообраќајот се одвива под контрола на патрола од ПС Прилеп.

За настатнот е известен инспекторот за заштита и спасување од ДЗС Прилеп.И од АМСМ известуваат дека од 16:50 часот на магистралниот пат Прилеп -Градско, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.Наизменичното пропуштање на возилата е заради безбедносни причини, каде што има истекување на гориво -метан кое е превезувано со цистерна.