Ризикот од пролиферација на оружјето во современиот свет каде што организираниот криминал ги има надминато националните граници преставува еден од најголемите безбедносни предизвици, не само за нашата држава на локално ниво, туку овој проблем преставува сериозен глобален предизвик во напорите за зачувување и зголемување на светската безбедност.
И токму затоа, денешната донација на возила во вредност од 50 илјади евра, наменети за Секторот за оружје е само уште еден сегмент од овој значаен проект за нас и истата ќе биде од огромна важност за функционирањето и подобрувањето на условите и капацитетите и зацврстување на системот на безбедност на национално ниво, справувајќи се со ризиците од пролиферација на оружјето, посебно преку воспоставување на одржливи механизми за уништување и деактивирање на малото и лесно оружје.