Еве во чии раце завршија ѕвездените статуетки на четвртиот избор на највлијателните на Инстаграм во Македонија.Вчеравечер (12.12.2022) се одржа четвртата по ред манифестација U&Z Influencer Awards во организација на магазинот „Убавина и здравје“, каде што беа наградени нови, но и веќе добро познати инфуенсери од нашата земја.Главен покровител на настанот е Mentos, во чии производи можеа да уживаат присутните во Ederra Rooftop, а и секој од 18-те победници, кои замина дома со пакет-производи.Пријавувањето за новите ѕвезди траеше три недели, а се пријавија повеќе од педесет учесници во различни категории, од кои беа избрани девет најдобри победници, а исто така беа наградени и девет етаблирани инфлуенсери, кои веќе го имаат освоено дигиталниот простор.Секој од нив има различно занимање, интерес и талент. Но едно нешто ги поврзува: сите тие се влијателни на социјалните мрежи. Ги користат своите уникатни вештини за да предизвикаат промени и да ги инспирираат своите следбеници.Погледнете кои беа одбраните победници од новите ѕвезди:Во категоријата Beauty, чиј поддржувач беше „Аура–козметик“, победи Дани Митановска, @muaellasbeauty.Во категоријата Fashion, која беше под покровителство на компанијата „Виолета“, победи креативната Симона Бошкова, @mon.vell.Христина Георгиева или на Инстаграм позната како @georgievah победи во категорија Арт.Во категорија Entertainment победи младиот Александар Динев, @aleksandardinev.Мустафа Ахмед или @travelsofmozzy победи во категорија Lifestyle, на која покровител беше Herbalife Nutrition.Во категоријата Make Up победи младата Марија Лазарова или на Инстаграм позната како @earthandfireme. На оваа категорија покровител беше компаниајта Essence.Во Insta Parents победи Радмила Миленковска, а на Инстаграм позната како @mamma_milaa“.Во категорија Insta Man победи Маротов @marotov__Кристина Колевски @solenoblagiprikazni победи во категорија Food, поддржана од Fino. Поврзани објавиПокрај новите ѕвезди, беа одбрани и девет најдобри веќе влијателни и етаблирани инфлунесери. За нив гласаше жири-комисија составена од реакцијата на „Убавина и здравје“ и нашите помагатели.Во категорија Art and Entertainment победи популарниот профил @modernizam.i.renesansa.Во категорија Beauty, на која покровител ѝ е „Аура козметикс“, победи Симона Салтирова или позната како @simsaltirova.Во категорија Fashion, каде што покровител беше Violeta, победи Ксенија Деспотовска @ksenijadespotovska.Ана Марија Кузмановска @anamarija.kuzmanovska победи во категорија Food, каде што покровител беше Fino Makedonija.Во категорија Insta Man победи Давид Мука @davidmukka_Мери Бајрамовска @makeupmeri победи во категоријата Make Up, а покровител беше компанијата Essence.Во Insta Parents победи Зорица Николовска @missmamamk.Алек Дренко @alekdrenko победи во категорија Fitness.И на крај, наградата во категорија Lifestyle, поддржана од Herbalife Nutrition, ја заслужи познатата водителка Лила Филиповска @lilafilipovska.Водител и на годинешните U&Z Influencer Awards беше шармантниот Марко Новески, а за време на целиот настан гостите се освежуваа со Jagermeister, производите на „Пивара Скопје“, водите на Lajthiza, џин Sax.За музичкиот дел, по прогласувањето на победниците беше задолжен нашиот познат диџеј Галоски, кој направи забава за паметење.За да видите кој сè присуствуваше на U&Z Influencer Awards 2022, кликнете на линкот во продолжение.
Победниците на U&Z Influencer Awards 2022 прогласени на гала-забава (ФОТО) – Убавина и здравје
98
претходен текст