Почетна ВестиЕКС МИНИСТЕРОТ ШАПУРИЌ СО ПРЕДЛОГ: Парното да не поскапува – грејната сезона да се скрати за еден месец!

ЕКС МИНИСТЕРОТ ШАПУРИЌ СО ПРЕДЛОГ: Парното да не поскапува – грејната сезона да се скрати за еден месец!

од nenad
4 минути читај за

Поранешниот министер за животна средина, Зоран Шапуриќ, смета дека во услови на глобално затоплување, кога зимите последниве години не се толку ладни, нема потреба да се зголемува цената на парното греење во Скопје. Наместо тоа, тој предлага да се скрати грејната сезона за најмалку еден месец и на тој начин да може да не се зголеми цената на парното.

   

– Наместо на 15 октомври, грејната сезона да почне најрано на 1 ноември и наместо да заврши на 15 април, да трае најдоцна до 31 март. Минатата година, во Загреб и во Белград, но и во други градови северно од Скопје, греењето започна 20 дена подоцна отколку во Скопје, каде што, без никаква потреба, започна на 15 октомври, во услови со повисоки температури. Со тоа, трошоците на ЕСМ Снабдување ќе се намалат, а со редукцијата на трошоците, ќе се намалат и цените на парното – смета Шапуриќ.

Граѓаните не се согласуваат со предлогот на Шапуриќ. Велат дека грејната сезона оваа година беше продолжена до 1 мај, затоа што надворешните температури беа под 12 Целзиусови степени, а и преку зимата радијаторите едвај грееја, па луѓето измрзнаа.

– Не е тоа она греење што беше порано, сето ова е „лов во матно”, бидејќи порано имаше греење и преку цела ноќ, дури и прозорците подотворени ги остававме, а и не се жалевме за цената. Затоа е толку сомнителна целата работа со тоа парно во Скопје. Нема нешто задоволни корисници, велат дека, вака како што е сега со парното, најсреќни биле оние што се откажаа од нивните (не)услуги – коментира еден скопјанец.

    

Други, пак, посочуваат дека одложениот старт на грејната сезона во Белград не се покажал како успешна мерка.

– Точно е дека Вучиќ (претседателот на Република Србија) даде наредба да се започне со греење 20 дена подоцна, но се смилуваа и ни пуштија на 1 ноември. Причината беше сосема друга. Прв пат Србија немаше струја ни за себе, а камоли да извезува како претходните години. Инаку, измрзнавме сите, амбулантите беа полни, со душа чекавме греење. Кој имаше етажно греење – го вклучи и беше тешко да се најде греалка повеќе. Народот плати високи сметки за струја. Не сум сигурна дека е добро решение тоа. Во Белград не се покажа успешно. А, ја покачија и цената на греењето, и тоа на најјако – кажува една жителка.

Трети, пак, сметаат дека, порано или подоцна, треба да се постават мерачи на потрошена топлина на ниво на стан. Ако се постават, потрошувачката ќе се намали барем за 25%. Треба итно да се направи тоа во зградите каде што има хоризонтална инсталација.

Наместо од 1 август, кога законски треба да одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за новата цена на парното греење во Скопје, можно е да се случи тоа пред 15 октомври, кога почнува грејната сезона 2023-2024 година. Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски, деновиве изјави дека барањата што пристигнале до РКЕ од компаниите за топлинска енергија се тешки и комплицирани, поради што ќе им треба повеќе време за добро да ги разгледаат документите.

– Можно е наместо до крајот на јули, како што се прави вообичаено, новата цена за парното да се донесе пред почетокот на грејната сезона, односно пред 15 октомври. Дали и за колку би поскапело греењето, рано е да се каже. Но, овој пат ќе се носи една цена за сите потрошувачи – истакна Бислимоски.

Во калкулациите доставени до РКЕ, ЕСМ Дистрибуција бара зголемување за 50 отсто, ЕСМ Снабдување за 54,2 отсто, а ЕСМ Производство бара намалување за 29,42 отсто. До РКЕ доставиле барања и ЕСМ Енергетика и топланата „Скопје-Север“, со кои, исто така, управува државната ЕСМ. Конечната цена ќе зависи од тоа колку ќе им ги признаат „регулаторите“ зголемените дистрибутивни трошоци за испорака на топлинска енергија до граѓаните.

Во меѓувреме, ЕСМ нуди бесплатно приклучување на системот за парно греење на сите домаќинства што некогаш решиле да се откажат од овој начин на греење во зимските месеци од годината. Повторно се вратени 144, а има околу 1.640 нови потрошувачи. Акцијата ќе трае до крајот на август годинава, а од 1 септември приклучувањето на системот за топлинска енергија ќе се наплаќа во согласност со важечкиот ценовник.

Државата и натаму ќе го субвенционира парното греење

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека во Буџетот има одвоено средства во износ од 250 милиони евра за антикризни мерки, а една од антикризните мерки е и субвенционирање на парното греење во Скопје.

– Ќе ги видиме пресметките што ги дале компаниите кои учествуваат во производството и дистрибуцијата и проценките за движење на цената на гасот и на другите енергенси од кои се произведува топлинската енергија и соодветно на тоа Владата ќе направи субвенционирање со цел да нема ценовен шок за граѓаните исто како што обезбедивме да нема ценовен шок и минатата година – истакна Ковачевски.

Тој потсети дека лани граѓаните имаа можност да видат во нивните сметки дека електричната енергија беше субвенционирана во однос на пазарната цена и до 80 и над 80 проценти во некои месеци.

– Така и ќе продолжи. Исто беше и со парното – рече Ковачевски.

 

  

var penciCommentCallback = function ( response ) { jQuery.ajax( { type: 'GET', dataType: 'json', url: 'https://maktel.mk/wp-admin/admin-ajax.php', data: { action: 'penci_clear_fbcomments', post_id: '' } } ) };

FB.Event.subscribe( 'comment.create', penciCommentCallback ); FB.Event.subscribe( 'comment.remove', penciCommentCallback ); }; (function ( d, s, id ) { var js, fjs = d.getElementsByTagName( s )[0]; if ( d.getElementById( id ) ) { return; } js = d.createElement( s ); js.id = id; js.src="https://connect.facebook.net/en_US/sdk.js#xfbml=1&version=v3.0&appId=348280475330978&autoLogAppEvents=1"; fjs.parentNode.insertBefore( js, fjs );

window.fbAsyncInit = function () { FB.init( { appId: '348280475330978', autoLogAppEvents: true, xfbml: true, version: 'v3.0' } ); };

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

}( document, 'script', 'facebook-jssdk' ));