Почетна Убавина и здравје Скриената моќ на камењата – Убавина и здравје

Скриената моќ на камењата – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

„Дијамантите се најдобриот пријател на секоја жена“, повеќепати кажала филмската дива Мерилин Монро. Меѓутоа, цените на овој ефектен камен секогаш биле високи. Немојте да се нервирате поради тоа – постојат мноштво исто така убави полускапоцени камења што се подостапни и чија енергија носи голема корист.

ДИЈАМАНТИТЕ ЈА ТОПАТ ОПАСНОСТА

Доколку поседувате дијаманти, знајте дека тие се поврзани со енергијата на сонцето и дека може да се користат за јакнење на срцето. Древните индиски мудреци советувале прстен со дијамант во злато да се носи на домалиот прст на десната рака, бидејќи сметале дека тој директно е поврзан со срцето – можно е оттаму да потекнува традицијата на тој прст да се носи бурмата.

Ако имате златен украс со дијамант, оставете го во чаша со вода прекуноќ, а утредента испијте ја таа вода, најдобро во неколку дози. Освен тоа, според тврдењата на древните мудреци, дијамантот е високоефикасен камен за подмладување, овозможува процут, добро здравје и духовен развој.

>Литотерапевтите му припишуваат на дијамантот способност да лекува болести на желудникот, црниот дроб и жолчното ќесе, по што од кожата исчезнуваат пигментните дамки. Овој камен ја подобрува меморијата и влијае на добро расположение, а неговиот благороден сјај го скротува гневот.

Овој загадочен и прекрасен камен раѓа виножито: поминувајќи низ него, светлоста создава прекрасни блесоци со спектарот на бои, кои со негово посредство имаат исцелително дејство на луѓето.

>Најдобро е да носите нови камења, кои ви ги подариле блиски луѓе и оние што ве сакаат,  бидејќи дијамантот е еден од најјаките камења кога зборуваме за енергијата. Многу важен совет: не носете туѓи прстени со овој камен и нека ве чува господ од крадени дијаманти или од такви што стоеле во заложилница.

НЕФРИТОТ ИМ ПОМАГА НА СИТЕ

Нефритот е најпочитуваниот камен во Кина, не само затоа што е убав и цврст (многу е тешко да се скрши) туку навистина е камен со голем лековит ефект на бубрезите.

>Белиот нефрит се смета за моќен универзален лек против мноштво телесни и душевни болести!


Поврзани објави

Во Кина нефритот симболизира пет доблести: милосрдност, праведност, скромност, мудрост и храброст. Придонесува за будење на овие човечки квалитети, како кај оној што го носи, така и кај оние што се наоѓаат во полето на неговото влијание. Со својата величественост и мирен тон, нефритот ги гаси бурните страсти, дарува мир и спокој.

БЕЛИОТ АХАТ Е ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА

Овој скапоцен камен пружа енергија на мир, сигурност и добронамерност. Станува збор за камен со добри побуди. Во стари времиња ахатот симболизирал долговечност и процут.

>Ахатот има големо значење за децата: ги отстранува стравовите кај плашливите деца и придонесува порано да проодат, им овозможува на децата физичка и внатрешна рамнотежа, ги отстранува преголемата раздразливост и каприциозност.

Според ајурведата, ахатот помага за лекување бронхијална астма, бронхитис и заболувања на лимфниот систем. Исто така придонесува за духовно будење.

„ФИЛОЗОФСКИОТ КАМЕН“ ЧАРОИТ

Во зафрлена сибирска тајга, на брегот на рекичката Чара, откриено е, единствено во светот, пронаоѓалиште на полускапоцениот камен што го добил називот – чароит. Има свиленкаст сјај, а нијансата му се движи од бледовиолетова до темна, често со медено жолти или темнозелени примеси. Чароитот навистина има нешто маѓепсувачко. По популарноста веќе одамна се споредува со малахитот, родонитот и лазуритот.

>Како носител на вибрациите на виолетовата боја, чароитот придонесува за филозофска мудрост, чистина на душата, ја зајакнува отпорноста на искушенијата, воспоставува хармонија во семејните односи. Лекува, пред сѐ, нервни и психички заболувања, како и невралгии.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING