Почетна Балкан(Видео) Гори Москва: Голема експлозија во фабрика во во која се произведувало оружје, повредени 25 лица

(Видео) Гори Москва: Голема експлозија во фабрика во во која се произведувало оружје, повредени 25 лица

од nenad
1 минути читај за
t

Во експлозија во индустриска фабрика североисточно од Москва, повредени се 25 лица, јави руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации.

Експлозијата се случила во фабриката Загорск во градот Сергиев Посад, која исто така произведува опрема за војската.

Наводно, експлодирал магацин со пиротехника што фирма го ангажирала од фабрика. Две повредени лица се пренесени во болница.

„Според прелиминарните информации, експлозијата не била предизвикана од воени беспилотни летала (UAVs)“, пренесе ТАСС.