Почетна БалканСловенија се заблагодари на 15 држави за помошта за справување со поплавите, меѓу нив и Македонија

Словенија се заблагодари на 15 држави за помошта за справување со поплавите, меѓу нив и Македонија

од nenad
0 минути читај за

Амбасадата на Република Словенија во Скопје се заблагодарува за укажаната меѓународна помош на државите кои и излегоа во пресрет на катастрофалните поплави што ја погодија земјата неодамна во кои загинаа шест лица и беше причинета огромна материјална штета.

Во објава на социјалната мрежа Фејсбук амбасадата на Словенија во земјава наведува дека е благодарна за меѓународната искажана помош на вкупно 15 држави меѓу кои и на Македонија кои помогнале со механизација, луѓе и материјалната помош.

– Искрена благодарност за солидарноста и помошта – стои во официјалната објава на Фејсбук потпишана од словенечката влада.