Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, одржа говор за менталното здравје, но во текот на својот говор направи нов гаф.
Претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден често прави лапсуси за време на своите говори, а овој пат значително го намали бројот на жртви од пандемијата на коронавирус. Во вторникот зборуваше за менталното здравје, каде ги спомна жртвите од коронавирусот, а подоцна во говорот рече дека има нешто повеќе од 100 жртви, иако на почетокот рече дека повеќе од милион луѓе починале“, пишува „Индипендент“.
„Повеќе од милион луѓе починаа од коронавирусот. Тоа би значело дека зад нив стојат осум милиони луѓе кои се блиски до нив“, рече Бајден.
На самиот крај од својот говор направи голема грешка. Тој спомена бројка која е драстично помала.
„Сè уште ја чувствуваме длабоката загуба предизвикана од пандемијата на, како што спомнав, повеќе од 100 мртви луѓе. Тоа се сто празни столчиња на масата во кујната, секоја од тие загуби го претставува тоа. Има многу луѓе оставени зад себе и скршени луѓе“, рече Бајден.
Biden: “Over 100 people died from Covid. That is 100 empty chairs.”🤡pic.twitter.com/nzSxp1Tfns
— Dr. Eli David (@DrEliDavid) July 26, 2023
.


