Јужна Украина и ноќеска беше погодена од напади од Русија, која лансираше беспилотни летала во Одеса, додека украинските сили возвратија во Мелитопол, град во регионот Запорожје, соопштија официјални лица од двете страни. Украинската армија соопшти дека во саботата соборила 10 беспилотни летала, но дека пет од нив погодиле енергетски објекти, оставајќи 1,5 милиони луѓе без струја, јави денеска Би-Би-Си. Подоцна украинскиот градоначалник на Мелитопол објави дека е извршен напад врз тој град кој е под контрола на Русија. Во рускиот напад со беспилотни летала врз украинското пристаниште Одеса вчера, дронови од иранско производство беа користени за гаѓање на клучната инфраструктура, соопштија украинските власти.