Како мајчинството го промени ликот на Нејтри во продолжението на „Аватар“?Ѕвездата на филмовите „Аватар“ и „Аватар 2: Патеки на водата“, Зои Салдана (44) неодамна се појави на уште една премиера од второто продолжение на филмот, а со својата појава ги остави сите без здив.Таа прошета по синиот тепих облечена во црн полупроѕирен фустан, со интересни извезени апликации на сребрени светки. Интересниот крој на фустанот се ширеше се до долниот дел. Изгледот го заокружи со високи црни потпетици и слободно ја пушти косата во меки бранови. Со ова гламурозно издание таа носеше минимален накит – едноставни обетки и нараквица.За магазинот “In Style“, убавата Зои се осврна на успехот на првиот дел од „Аватар“, кој излезе во 2009 година:„Немав поим дека „Аватар“ ќе има такво влијание, што го имаше на глобално ниво. Тие работи се незамисливи. Имав големи надежи дека филмот ќе биде добро прифатен, бидејќи беше многу посебен за мене. Приказната околу заштитата на животната средина стана глобална социјална дилема“, рече таа и додаде: „Најмногу се восхитувам е што младите генерации се тие што го водат наративот“. Поврзани објавиЛикот на Зои во филмот го претставува Наитри, а бидејќи овој лик се промени во новото продолжение, таа го вели следново:„Кога си млад си бестрашен. Кажувате ДА на секој предизвик, без размислување се фрлате во непознатото, го учите и не се грижите за последиците. Кога ќе станете родител, помислата дека ќе изгубите нешто што го сакате повеќе од себе е незамислива. Тој страв влезе во Неитри, но овие деца се моќни. Тие се величествени, затоа што се деца на Џејк и Најтри. Така, преку нивните очи ќе ги доживееме Пандора и океаните на Пандора. И ние ќе направиме сè за прв пат, како што тие прават сè за прв пат. И тоа е навистина убаво“, заклучи таа.
Се појави гламурозна како и ликот што го глуми (ФОТО) – Убавина и здравје
74