Почетна Убавина и здравјеПосочна не може да биде, а вкусот долго се памети – Убавина и здравје

Посочна не може да биде, а вкусот долго се памети – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Едноставен рецепт


Одличен предлог за појадок или вечера

Овој вкусен оброк од тиквички и компири што заситува е нешто што задолжително треба да го приготвите за време на жешките денови.

Состојки:


Поврзани објави

  • 600 г тиквички
  • 500 г компири
  • 4-5 јајца
  • 2 дцл јогурт
  • 2 дцл кисела вода
  • 1 прашок за печиво
  • 300 г пченкарно брашно
  • 10 лажици пченично брашно
  • 250-300 г сирење
  • сол, бибер, оригано
Приготвување:

Изрендајте ги и посолете ги тиквичките. Изрендајте го и компирот. Изматете ги јајца со жица, па додајте им чаша јогурт, чаша кисела вода и чаша масло. Додајте пченкарно брашно, зачини, сирење, па рендан компир и тиквички. Сето тоа измешајте го и печете го на 200 степени Целзиусови околу 30 минути. Потоа, исечкајте два домата на кругови и наредете ги на врвот. Изрендајте околу 150 г сирење и вратете ја питата во рерна уште 10 минути.