Почетна Убавина и здравјеТие не се несреќни осаменици и не се оптоваруваат со изборот на партнер! – Убавина и здравје

Тие не се несреќни осаменици и не се оптоваруваат со изборот на партнер! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ним дефинитивно не им треба сродна душа и тоа не го доживуваат како недостаток

Многу луѓе го гледаат отсуството на партнер како еден вид мана што мораат да ја решат. Подготвени се да ги спуштат стандардите и да започнат врска со првата личност што ќе ја запознаат, само за да не изгледаат несреќно и осамено во туѓи очи.

Секако дека има и такви кои воопшто не се оптоваруваат со својата самотија и свесно ја одбираат пред лошите врски. Нивната самотија им е попријатна од токсичните односи.

Девица

Во животот на Девицата сè е строго поставено на полици. Претставниците на овој знак живеат според сопствен распоред, според сопствени правила, што ги формирале низ годините. И нема шанси да ги нарушат. Па затоа, кога кај Девицата ќе се појави личност што го нарушува нејзиниот начин на живот, тоа станува стресно за неа.

Луѓето родени во овој знак многу често страдаат поради фактот што партнерот го нарушува нивниот начин на живот. На овој знак многу поудобно му е да живее самостојно одошто да се приспособува на нечиј начин на живот. Подложни се на постојани расправии поради тоа што не отстапуваат од своите правила.

Јарец


Поврзани објави

Стереотипот дека Јарецот ги поминува деновите и ноќите на работа, всушност и не е толку неоснован. Претставниците на овој земјен знак навистина го посветуваат сето свое слободно време на омилената разонода. Немаат време за романтични авантури во својот натрупан распоред, имаат премногу други, поважни задачи.

Поради фактот што Јарецот постојано исчезнува во канцеларија или ја преплавува куќата со документи, караниците со партнерот неизбежно ќе се појавуваат одвреме-навреме.

Водолија

Фактот дека воздушните знаци бескрајно ја ценат својата слобода е апсолутно точен. Најистакнатиот меѓу нив, секако, е Водолијата. Претставниците на овој знак мразат кога некој им го нарушува личниот простор. Многу поудобно им е сами одошто во друштво на некој опсесивен обожавател.

Сепак, Водолиите знаат да започнат романтична врска, па дури и да стапат во брак. Најважното нешто што нивниот партнер треба да го запомни е дека мора да ја почитува желбата на овој знак одвреме-навреме да биде сам со себе и со своите мисли. Тоа не значи дека Водолијата не е вљубена во вас или дека сте ја одбиле со нешто, само ѝ треба личен простор.

Овие хороскопски знаци им простуваат на сите