Бети истакна дека публиката е воодушевена секогаш кога ќе ја слушне песната.
Елизабета Бети го објави спотот за баладата наречена „Ne dam ja na tebe“. Пејачката откри и кој ја компонираше нејзината песна која веќе ги освои срцата на публиката:
Енџи Мавриќ и Пеѓа Меденица ми испратија неколку песни, но оваа веднаш ме воодушеви. Точно е дека баладите се потешки и понапорни за пеење, мора да се даде емоции и затоа ги сакам. Таму јасно се гледа дали се пее или не“ – вели Бети и додава дека следната година планира да работи на нови песни со Пеѓа и Енџи:
„Реакциите се феноменални и публиката е воодушевена кога ќе ја слушне песната. Соработката нема да заврши, туку ќе ја продолжиме и следната година. Сите веднаш го препознаа стилот на Пеѓа Меденица, иако не кажав во прв момент дека е дел од тимот“.
Поврзани објави
Фото: printskrin Youtube/BAP VESTI
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: