Тони Кертис имал шест деца од шест различни жени, а во 2010 година ги оставил без скршен денар, бидејќи своето големо богатство ѝ го препишал на љубовницата
Тони Кертис ќе остане запаметен како голема холивудска ѕвезда со бурен љубовен живот. Тој бил талентиран, а својот талент најмногу го трошел на освојување жени. Имал страсна врска со Мерилин Монро и низа други жени, а во неговата биографија пишува дека секој ден одел во кревет со две нови девојки, кои за него биле како „витамински таблети“.
Додека в очите на многу жени тој бил Бог, в очите на неговите деца бил најлошиот татко на сите времиња.
Тони Кертис имал шест деца од шест различни жени, а една од неговите ќерки е и популарната актерка и оскаровка Џејми Ли Кертис, која повеќепати има изјавено дека „тој човек не ѝ е татко“.
Тони и самиот искрено признал дека не бил многу добар татко, сепак тврдел дека ќе им се искупи на своите деца и дека тие ќе добијат пари по неговата смрт. Но тоа не било вистина.
Имено, во 2010 година кога славниот актер починал, целиот имот ѝ припаднал на неговата сопруга Џил.
Поврзани објави
Доволно е да се каже дека Тони имал 73 години кога ја запознал Џил, која тогаш имала 30 години. Иако неговите поранешни жени не ја оспоруваат нејзината „жртва“, бидејќи морала да живее со Тони, кој имал сериозни болести, сепак сите тие сметале дека Џил на некој начин го маѓепсала Тони и тој на крајот ѝ го препишал огромното богатство.
Од друга страна, неговите деца толку се разочарале што не се ни појавиле на неговиот погреб.
Неговата ќерка Алегра во своите мемоари го опишала татка си како „демон“, зависник од дрога и секс.
„Мојот татко беше жртва на неговата слава, а јас сум жртва на мојот татко, светската ѕвезда. Животот со него беше невозможен“, рекла таа.